Македонија

Џамбаски со спорна мапа порачува „Не ја предавај Македонија“ – граѓаните бараат реакција на власта

Џамбаски со спорна мапа порачува „Не ја предавај Македонија“ – граѓаните бараат реакција на власта

Европратеникот Ангел Џамбаски на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се вели „Не ја предавај Македонија“.

Тој претходно објави и фотографија со мапа на која Македонија е под Бугарија.

Македонските граѓани овие фотографии масовно ги споделуваат на социјалните мрежи со барање Владата и надлежните министерства да реагираат.

Инаку, Џамбаски е познат во јавноста откако со нацистички поздрав ги шокира и предизвика бес и револт кај европратениците.

Имено, Џамбаски по неговото обраќање на дебатата за владеењето на правото во Полска и Унгарија во Европскиот парламент напуштајќи ја салата се сврте и ја крена и испружи десната рака во стил на нацистички поздрав.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола најави дека ќе започне постапка за санкции против бугарскиот европратеник Џамбаски, додека пак тој ги отфрли сите обвинувања кон него.

Тој им испратил порака преку електронска пошта на неговите колеги европратеници со назнака „мало недоразбирање“ притоа обвинувајќи ги за клевета и навреда. Според него, неговиот знак со рака било само мафтање за поздрав.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни