Американскиот милијардер и претседател на „Амазон“, Џеф Безос, ја заврши продажбата на акции во компанијата како дел од планот за тргување што го усвои претходно оваа година, заработувајќи речиси 5,7 милијарди долари откако неговата свадба се одржа во Венеција кон крајот на јуни.
Во овој период, тој продаде вкупно 25 милиони акции, а последните 4,2 милиони акции, во вредност од 954 милиони долари, ги продаде во среда и четврток, според извештајот на Комисијата за хартии од вредност на САД, објави „Блумберг“.
Безос сè уште поседува околу 884 милиони акции, повеќе од осум проценти од уделот во „Амазон“.
Џеф Безос продаде акции на Амазон во вредност од 5,7 милијарди долари