Џони Деп во Белград – вечерва на средба со Вучиќ

Џони Деп не слета во Белград околу пладне, како што беше планирано, бидејќи доцнеше да се качи на вион, дознава Нова.рс.

Имено, холивудскиот актер Џони Деп требаше да лета во Србија од Италија, поточно од Рим, каде што беше.

Конференцијата, која беше закажана за 12:30 часот, е одложена за 14 часот.

Она што е сигурно е дека холивудскиот актер вечер ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Причината за доаѓањето на Деп во Белград е промоцијата на неговата анимирана серија произведена во Србија „Пафини“, во продукција на „Архангел студио“ од актерот Милош Биковиќ, а создадена во „Џерволино студио“ (ИЕС).