Македонија

Димитров: „Бугарија да не се меша во внатрешните работи“

Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека имало паралелни предлози од ЕУ кои наместо да донесат решение, ја комплицираат ситуацијата со Бугарија. Предлозите за можен компромис меѓу бугарската и македонската страна дојдоа надвор од германското и португалското претседателство. За планот 5 + 1 објавен на самитот во Брдо кај Крањ, вицепремиерот истакна дека се важни две точки, меѓу кои и дали техничката влада во Бугарија може да даде дозвола за одобрување на преговарачката рамка за одржување на првата меѓувладина конференција на Македонија и Европска комисија.

„Во Договорот, одредбата за немешање во внатрешните работи е реципрочна. Наша обврска е да не се мешаме во внатрешните работи на Бугарија, но и Бугарија има обврска да не се меша во внатрешните работи на Македонија. Можеби првото прашање овде е правото на самоопределување и самоизразување, а тука е тој судир на позиции со договорот и правната рамка на начин како што тоа го прави договорот“, изјави Никола Димитров, вицепремиер за европски Интеграција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни