Димитров: Дали земјите членки на ЕУ може да поставуваат услови кои се косат со европските вредности

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска во Мадрид беше говорник на настанот „Идното проширување на ЕУ: изгледи и замки“. Дискусијата се фокусираше на придобивките од проширувањето како од аспект на регионот, така и од аспект на Европската Унија и земјите членки, како и важноста на трансформативната моќ во пристапниот процес за што предуслов е објективното вреднување на критериумите за членство.

Вицепремиерот Димитров истакна дека процесот на проширување всушност е процес на комплетирање на Европа и заокружување на проектот за обезбедување траен мир и просперитет на континентот.

Димитров: “Со проширувањето на ЕУ со земјите од регионот, картата на Европа нема да се прошири, ќе остане иста, симболично кажано – единствено сегашната сива зона ќе стане сино-жолта. Затоа треба да зборуваме за комплетирање на обединувањето на Европа.”

Димитров посочи дека евроинтегративниот процес на Северна Македонија е прашање преку кое се преиспитува внатрешната кохезија на ЕУ и вредностите на кои се темели, како и влијанието на ЕУ во регионот:

„Низ нашиот трнлив пат, ја усовршивме трпеливоста бидејќи причината за одложување на почетокот на пристапните преговори не беше неисполнувањето на копенхашките критериуми, туку билатерален спор. Вложивме огромен политички капитал на основа на ветувањето од ЕУ, меѓутоа кога ветувањето не е исполнето, довербата станува проблем и ЕУ го губи своето влијание во овој стратешки важен регион. Јасно е дека земјите членки имаат влијание во процесот на пристапување и да ги наметнат своите национални интереси, но дали тоа значи дека можат да поставуваат и услови кои се косат со европските вредности? Главната замка во процесот на пристапување е да стане заложник на билатерални прашања. Најдобар и единствен начин земјите да растат заедно, да станат помудри и позрели во политичка смисла е токму преку европскиот проект.”

Во дискусијата учествуваа и шпанскиот претставник во Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) Хуан Гонзалез Барба, претседавачот со ГАК Гашпер Довжан, министерката за европски прашања на Србија Јадранка Јоксимовиќ, како и високи претставници за надворешни и европски прашања од Албанија и Црна Гора. Шпанскиот претставник Барба нагласи дека отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија е прашање од итен карактер бидејќи проширувањето на ЕУ подразбира јакнење на Европа и стратешката автономија. Словенечкиот претставник Довжан истакна дека трансформативната моќ може навистина да направи промена и поради тоа најголемиот ризик е стагнацијата на овој процес, поради што европското досие на Северна Македонија е приоритет за актуелното претседателство.

Посетата на Мадрид продолжува со билатерална средба на вицепремиерот Димитров со шпанскиот претставник во денешната дискусија и претставник во ГАК, Хуан Гонзалез Барба.

Поврзани вести

Со државна церемонија беше оддадена почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија и им беа предадени на семејствата

Со државно-воена церемонија, денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје беше организиран пречек на посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа на 23 ноември во Република Бугарија. Посмртните останки...

Јован Деспотовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Во седиштето на СДСМ денеска кандидатура за претседател на партијата поднесе Јован Деспотовски. Рокот за доставување кандидатури истекува денеска во 16 часот, по што утре Централната изборна комисија ќе...

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19:

Пилотите на двата воено-транспортени авиони им оддадоа почит на семејствата на загинатите во несреќата во Бугарија

Четворица пилоти од двата воени авиони, кои денеска пристигнаа од Бугарија на скопскиот аеродром за да ги пренесат жртвите од страшната несреќа која се случи на автопатот „Струма“, им оддадоа почит...

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...