Димитров на четвртиот министерски состанок во Солун

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, заедно со неговите колеги од Албанија, Бугарија и домаќинот Грција,  учествува на четвртиот министерски состанок во Солун, на покана од алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.

Предвидено е темите за дискусија да ги опфатат прашањата во врска со развојот, регионалната соработка и економската интеграција на Балканот, интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како и други актуелни настани и прашања од заеднички интерес, соопштија од македонското МНР.

Се вчитува...

Разговорите на министрите за надворешни работи ќе се фокусираат на прашања од заеднички интерес и на случувањата во поширокиот регион, а акцентот ќе се стави на прекуграничната соработка и регионална координација против предизвиците што ги надминуваат границите на секоја земја, како ние кои произлегуваат од континуираната нестабилноста на Блискиот Исток. Исто така, ќе се дискутира и за европската перспектива на Западен Балкан, соопштија од грчкото МНР.

Освен министрите за надворешни работи, на состанокот предвидено е и учеството на високи претставници од Министерствата за економија на четирите земји, а според грчкото МНР, тие ќе разговараат за изнаоѓање начини за зајакнување на екстровертноста, на енергетската соработка и поврзување на четирите економии, преку подобрување на инфраструктурата и искористување на дигиталната технологија.

Извор: ТВ21