Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вечерва на својот „Фејсбук“ побара итно да се реши случајот со Националната агенција, за наводна злоупотреба на пари.
„Ги читам вечерва новите информации во серијалот новинарски истражувања околу состојбите во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Впечатокот е загрижувачки. Итно е потребно целосно расчистување на овој случај. Мора да се истражат сите наоди и да се открие целата слика, оти за државата само едно нешто е поголем срам од шпекулации за наводна злоупотреба на пари на европските даночни обврзници – а тоа е кога во тие сомнежи би имало вистина“, напиша Димитров.
За утре директорката на Националната агенција Лидија Димова најави прес-конференција.
Ги читам вечерва новите информации во серијалот новинарски истражувања околу состојбите во Националната агенција за…
Posted by Nikola Dimitrov on Monday, October 12, 2020
.
