Димитров за германски „Велт“: Веруваме дека Грците ќе го исполнат ветеното

Веруваме дека и Грција ќе го исполни она што го ветија. Ова го изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервјуто за германскиот весник „Велт“.

Тој воедно потенцираше дека Договорот од Преспа е најдобриот компромис што можеше да се направи во моментов. Во однос на процесите во македонското Собрание, Димитров вели дека можат да се случат уште многу работи до последното гласање за кое повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство.

Одговорајаќи на прашањето за односите со Русија, односно анти НАТО расположението кај Русија во однос на Македонија, Димитров рече дека да се биде дел од Алијансата не значи да се има лош однос со официјална Москва.

Извор: ТВ21