Балкан

Димни бомби, полицијата фрли солзавец: Хаос на протестот во Приштина, ветераните на ОВК не сакаат ни Специјален суд, ни ЗСО

Димни бомби, полицијата фрли солзавец: Хаос на протестот во Приштина, ветераните на ОВК не сакаат ни Специјален суд, ни ЗСО

Косовската полиција и ветераните на ОВК денеска се судрија во Приштина за време на протестот пред хотелот „Сириус“ поради доаѓањето на претседателката на Специјалниот суд Екатерина Трендафилова на Косово.

Како што пренесува „Косово онлајн“, ветераните на ОВК активирале димни бомби и почнале да фрлаат пиротехнички средства, додека полицијата употребила солзавец и привела неколку демонстранти. Меѓу уапсените се и Нољ Нуши од Социјалдемократската партија (ПСД), како и претседателот на Социјалдемократската партија Дардан Молиќај.

Ветераните на ОВК носеа транспаренти против Специјалниот суд, но и против Заедницата на српските општини.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни