Македонија

Димовски ќе биде разрешен?! – Ковачевски најави за 20 дена нов директор на АНБ

Димовски ќе биде разрешен?! – Ковачевски најави за 20 дена нов директор на АНБ

Актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски ќе биде сменет од функцијата.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција, по новинарско прашање за тоа дали ќе има одговорност за директорот на АНБ за скандалот со случајот „Онишченко“, истакна дека за 20 дена од денеска Агенцијата ќе има нов директор.

„Во однос на раководењето со АНБ, за 20 дена од денес ќе има нов директор на АНБ“, порача Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни