Чудно, но вистинито. Директорот на струмичката болница Наќе Гогов, преку „Фејсбук“ бара донации за купување на ново амбулантно возило.
Како што пишува Гогов, моменталните возила се застарени и се расипуваат, а болницата има потреба од ново со новиот бран на Ковид-19 кој се случува во нашата земја. Сепак, додава дека е свесен дека не би требало да се бараат донации на ваков начин.
„Почитувани пријатели, мои ценети сограѓани, знам дека не би требало да се барат донации на ваков начин, меѓутоа заради малиот број на болнички возила, заради тоа што се застарени и често се расипуваат, заради ситуацијата во која се наоѓаме со корона вирусот каде транспортот на пациенти е неколкукратно зголемен – болничките возила се 24 часа вклучени во транспорт на пациенти од нашата болница до клиничките центри и обратно, ние како “ЈЗУ Општа болница -Струмица” имаме потреба од ново болничко возило кое ќе биде од голема корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион. Да се организираме и да си помогнеме самите. Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце, каде сумата ќе биде по ваша желба да донирате на следната жиро сметка: 660270170248596. Се надевам дека ќе ја покажеме хуманоста на дело. Ве замолувам споделувајте го статусот.“, стои во објавата на Наќе Гогов.
Почитувани пријатели, мои ценети сограѓани , знам дека не би требало да се барат донации на ваков начин , меѓутоа заради…
Posted by Nake Gogov on Saturday, October 31, 2020
.
