Директор на училиште поставил камери во тоалетите, снимал ученици за порнографија – снимките ги гледал на мобилен

Бугарската јавност е во шок откако директорот на училиште, идентификуван како Евтимов, беше уапсен и обвинет за изработка на детска порнографија и нелегално снимање. Истрагата откри дека тој сам ги купил камерите и снимките ги префрлал директно на својот телефон.

Директорот на софиската полиција (СДВР), Љубомир Николов, откри морничави детали за начинот на кој функционирал системот.

„Преку апликација, сите записи од компјутерот во кабинетот на директорот биле префрлани кон неговиот мобилен телефон. Полицијата располага и со фактура од октомври, од која јасно се гледа дека тој сам и за своја сметка ги набавил камерите за видеонаблюдение“, појасни Николов.

Му се закануваат 8 години затвор

Против Евтимов се покренати две сериозни обвиненија:

  1. Држење на специјално техничко средство од страна на службено лице;
  2. Создавање на порнографски материјали со малолетници.

За овие кривични дела, тој може да добие максимална казна затвор од 8 години.

Родителите на нозе: Стравуваат каде завршиле снимките

Евтимов е веднаш ослободен од должноста, но тоа не ги смири родителите. Утринава тие се собраа пред влезот на училиштето со барање за повеќе информации и транспарентност во истрагата.

Пред новинарските екипи, родителите ги споделија своите стравови:

  • Загрижени се дека камерите можеби сè уште не се отстранети;
  • Стравуваат дека освен директорот, пристап до снимките од децата можеле да имаат и други лица.