Македонија

Директорката на училиштето: Многу сум вознемирена, ќе свика и дисциплинска комисија

По насилството во училиштето, директорката Ќамуране Реџа веднаш го пријавила случајот во полиција. Вели дека и таа го видела вознемирувачкото видео кое ѝ го испратиле колегите. Како што вели, нема информации како и зошто дошло до немилиот настан.

„Не знам како се случил настанот. Во 16:30 часот кога се вратив од работа, колегите ми го испратија видеото. Од видеото го препознав наставникот. Многу се вознемирив. Веднаш преземав мерки и случајот го пријавив во полиција. Многу сум вознемирена“, вели директорката на училиштето – Ќамуране Реџа.

Директорката на училиштето ни рече дека во никој случај нема да толерира насилство во училиштето со кое раководи. Прво што ќе направи в понеделник е да свика дисциплинска комисија и да постапи согласно она што го налага законот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни