Наука и технологија

Директорот за безбедност на содржината на Твитер поднесе оставка

Директорот за безбедност на содржината на Твитер поднесе оставка

Директорката за безбедност на содржината на Твитер, Ела Ирвин, поднесе оставка, а нејзиното заминување дојде веднаш откако сопственикот Илон Маск јавно се пожали на начинот на кој социјалната мрежа се справува со твитови на тема трансродови.

Нејзиното заминување сигнализираше нов бран на превирања меѓу клучните функционери на Твитер откако Маск ја презеде мрежата минатата година, објави АП.

Ирвин ја потврди оставката, но не кажа зошто си заминува. Сепак, заминувањето се совпадна со критиките на Маск за справувањето на Твитер со прашањата поврзани со медицинскиот третман на трансродовите деца и тинејџери.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни