Овен – Вашата неверојатна енергија денес ќе влијае на сите околу вас. Ќе се чувствувате како да нема граници на вашите можности. Неочекувано, може да се појават инспиративни идеи кои ќе ве „подигнат“ на нови височини.
Бик – Коцките ќе се наредат токму за вас, само треба да бидете трпеливи. Имате многу поголема внатрешна сила отколку што мислите. Важно е да не споделувате премногу лични информации. Внесете повеќе смисла во вашите постапки.
Близнаци – Денеска ќе бидете поемотивни, што може да ви го искомплицира денот. Можеби ќе посветите премногу внимание на некои детали кои навистина не се толку важни, како и да претрпите мала криза на личноста.
Рак – Бидете повнимателни и порационални во своите постапки. Ако го вложите потребниот напор и покажете малку повеќе упорност и доследност во вашите постапки, ќе успеете една по една да ги отстранувате пречките на вашиот пат.
Лав – Денес имате шанси да успеете. Сепак, не треба да седите со скрстени раце, треба активно да учествувате во работата. Одлучните активности ќе донесат повеќе придобивки. Малите недоразбирања можат да го расипат расположението, но не се исклучуваат убави изненадувања.
Девица – Умереноста и доброто управување со вашите интелектуални ресурси, покрај самоконтролата, ќе ве наведат и до остварување на целите кои самите си ги поставувате. Треба повеќе да го слушате гласот на разумот отколку гласот на интуицијата.
Вага – Потребно е да се стави ред во тековните работи и да се решат вообичаените задачи. Не се исклучуваат непредвидени ситуации. Сепак, може да имате среќа во љубовта, само треба да преземете иницијатива.
Скорпија – Лесно ќе се прилагодите на промените кои претстојат. Доволно сте мудри за да сфатите дека неповолните околности се минливи. Денес одвојте малку време само за себе и обидете се да се опуштите.
Стрелец – Заштедете ја енергијата, не се присилувајте да правите нешто што не сакате да го правите. Контролирајте се и подгответе се да излезете во пресрет на секоја нова можност. Нова љубов или ново пријателство може да се роди онаму каде што најмалку очекувате
Јарец – Чувствувате силна потреба да доминирате на работа и во професионалната средина. Понекогаш сте премногу остри. Ја имате потребната сила да се борите со предизвиците и извонредната креативна моќ. Не го присилувајте партнерот ако сакате да доживеете убави моменти.
Водолија – Денес некои неочекувани случајности можат да ви ги променат плановите за тој ден. Чувствувате дека е време да промените нешто во животот, но сè уште не сте подготвени на овој чекор. Наоѓањето заеднички јазик со другите нема да биде лесно, не се исклучуваат несогласувања и спорови.
Риби – Ќе треба да направите логична и внимателна анализа на настаните за да ги најдете вистинските решенија за проблемите со кои се соочувате. Во принцип, ќе почувствувате дека вашите надежи и желби се исполнуваат малку по малку.
СОВЕТУВАЊА НА СРЕЌАТА
Денот има двојна карактеристика – истовремено е и позитивен и негативен. Ако нешто не ви оди денес, бидете дополнително внимателни бидејќи тоа значи дека е време да промените нешто.
Ако работите многу добро ви се редат, чувствувате дека среќата е со вас, тогаш тоа значи дека сте на вистинскиот пат. Ден за анализа и одвојување на црното од белото. Верувајте ѝ на вашата интуиција, одредете ги вашите вистински цели и одолејте се на искушението. Избегнувајте конфронтации. Не губете ја смислата за хумор, тоа ќе ви помогне достоинствено да излезете од тешките ситуации.
Поволно време за комуникација со најблиските, роднините, молитва, медитација. Добар ден за тргување и финансиски операции, но избегнувајте да учествувате во сомнителни активности и да донесувате брзи одлуки.