Дневен хороскоп за 1. декември 2018 година

ОВЕН

Работа: Првиот ден од месецот може да биде добар за почеток на нова соработка. Размислете околу тоа.

Љубов: Советувајте го својот партнер дека е време да размисли за своите ставови.

Здравје: Избегнувајте ладни пијалоци, имате проблем со грлото.


БИК

Работа: Размислувате за приватна работа. Доколку сте креативни и уметноста е вашата определба, може да биде успешен ден. Можна работа со деца.

Љубов: Сакате да доживеете експлозија на страстите. Ново познанство води кон тоа.

Здравје: Во добра форма сте. Продожете во таа насока.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Одличен почеток на месецот за вас. Денеска имате полни раце работа. Идеи има многу, чекаат на реализација. Можна соработка со Лав.

Љубов: Близнаците во трета деката може да имаат тешка комуникација со партнерот или со фамилијата.

Здравје: Направете систематски преглед.


РАК

Работа: Низ работа исфрлете ја целата енергија која ве „гуши“. Избегнувајте тешки зборови.

Љубов: Љубовта денеска ви е многу важна. Тешко дека можете да функционирате ако нешто во тоа поле тргне на лошо. Партнерот ве прави задоволни.

Здравје: Чувствителен стомак, избегнувајте тестенини.


ЛАВ

Работа: Вие сте голем перфекционист, вашите проблеми можат да се решат само ако вие донесете конечна одлука.

Љубов: Вашата среќа е најважна. Многу љубоморни луѓе се околу вас, но вие имате свој став.

Здравје: Машки Лав мора да обрне внимание на простатата, додека жена Лав на горниот дел од кичмата.


ДЕВИЦА

Работа: На работно поле се занимавате со експеримент. Ќе имате деловен успех и добра соработка со личност од знакот на Овен.

Љубов: Слободните Девици сакаат авантура. Имате потреба од страсти и добра забава.

Здравје: Вишокот на енергија исфрлете го со креативна работа.


ВАГА

Работа: Сочувајте ги парите, немојте да трошите повеќе, ќе ви бидат потребни во следниот период.

Љубов: Пријател(ка) кој(а) долго го(ја) познавате може ќе открие емоција кон вас. Се сложувате добро со Лав.

Здравје: Често сте напнати поради работа. Внимавајте на исхраната.


ШКОРПИЈА

Работа: Добар е денот за финансии. Прифатете нова понуда.

Љубов: Заљубени сте. Сакате пријатна атмосфера со добра музика. Се сложувате со Ракови.

Здравје: Намалете го стресот на работа, станувате премногу нервозни.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Избегнувајте ги проблемите кои ве окупираат. Пробајте да пронајдете конструктивно решение на проблемите на работа.

Љубов: Имате две личности во план. Изберете помеѓу Лав и Овен, и поминете време со некој(а) од овие знаци.

Здравје: Не е ништо алармантно.


ЈАРЕЦ

Работа: Имате трпение. Полека одете кон својата цел. А, вашата цел се пари.

Љубов: Одите на романтичен пат, а вашиот сопатник е Рак.

Здравје: Намалете со внесување масти во вашиот организам.


ВОДОЛИЈА

Работа: Морате да донесете важна одлука околу смена на работното место. Совет побарајте од Вага.

Љубов: Потребна ви е нова љубов. Водолиите во брак нека обрнат внимание на расположението на партнерот.

Здравје: Имате доволно енергија да го победите стресот.


РИБИ

Работа: Се занимавате со капитални работи во врска со вашата професија. Ситниците ви го расипуваат целиот концепт на работа.

Љубов: Имате премногу работа. Се повлекувате во себе. Пробајте да излезете од дома.

Здравје: Моментално не се грижите многу за вашето здравје.

Извор: ТВ21