Дневен хороскоп за 17. ноември 2018 година

ОВЕН

Работа: Подгответе се за исклучително „бурен“ ден. Родените во втората декада чувствуваат напнатост, и се препорачува да избегнуваат конфликт со колегите.

Љубов: Денеска никако не е ваш ден. Можно е да дознаете нешто за партнерот, што нема да ви се допадне.

Здравје: Можен вирус, имунитетот ви е слаб.


БИК

Работа: Денеска се ви оди од рака, некако сте добро воиграни на работа. Многумина ви завидуваат на постигнатиот успех.

Љубов: Може да се пофалите дека ги уживате симпатиите на спротивниот пол. Денеска сте посебно убави.

Здравје: Стабилно.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Немате проблем да стигнете се што мора да завршите денеска.

Љубов: Убаво попладне со партнерот и фамилијата. Можни непожлни гости.

Здравје: Болки во рацете или нозете.


РАК

Работа: Денеска доаѓате до ситуација да се спротивставите на многумина од опкружувањето, посебно на авторитетните луѓе. Бидете храбри и истерајте го својот став до крај.

Љубов: Се чувствувате напуштено и тажно. Разведрете се бидејќи после дождот доаѓа сонце.

Здравје: Проблеми со цревата.


ЛАВ

Работа: Не морате секогаш да покажете дека сте „газда“. Не е никој должен да се занимава со вас. Спуштете го своето его.

Љубов: Во врската настапила монотонија. Слободните Лавови нека бидат трпеливи и нека чекаат подобри денови.

Здравје: Одлично.


ДЕВИЦА

Работа: Бидете горди на себе и на постигнатите резултати. Потрудете се да ги оправдата во иднина.

Љубов: Некој одамна „фрлил око“ на вас. Возвратете па макар и со флерт.

Здравје: Добро.


ВАГА

Работа: Постои можност за конфликт меѓу колегите. Немојте секогаш да се мешате и да пробувате да ги смирите „завојуваните“ страни. Имате друга и „попаметна“ работа.

Љубов: За оние кои се во тајна врска, следува заладување на односите. Слободните може да бидат раздрмани со еден Лав кој долго време ги посакува.

Здравје: Проблеми со забите.


ШКОРПИЈА

Работа: Сериозно сте ги разбрале своите задачи, шефовите се задоволни со вашите напори.

Љубов: На љубовен план работите се комплицираат. Ве интигрира личност во знакот на Риби или Овен.

Здравје: Чувство на тежина поради многу обврски. Опуштете се малку.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Имате совршен ден на работа, многу пофалби а малку обврски. Опуштено. Вие знаете како да уживате.

Љубов: И натаму се водите со идејата што повеќе, тоа подобро. Авантуристичкиот дух ви е нагласен.

Здравје: Немате проблеми.


ЈАРЕЦ

Работа: Ситуацијата на работа ви е променлива. Во некои моменти ви се чини дека работите пропаѓаат, а потоа нагло доаѓа до подобрување.

Љубов: Веќе долго време владее монотонија во вашиот однос. Овој пат чекате партнерот да поработи на врската.

Здравје: Вртоглавица.


ВОДОЛИЈА

Работа: Постои проблем со личност во знакот на Лав која веќе подолго време пробува да наметне свој начин на работа.

Љубов: Личност во знакот на Близнаци ви привлекува внимание. Повикајте ја на состанок.

Здравје: Нервоза.


РИБИ

Работа: Многу работите за малку пари. Таа ситуација почнува да ве нервира, и затоа планирате да барате покачување.

Љубов: Сега седите на две столчиња. Водете сметка да не ви биде напорно.

Здравје: Кивавица, алергија.

Извор: ТВ21