ОВЕН
Работа: Напредувате пребрзо и неочекувано за другите. Помалку ја буните својата околина. Подготвени сте да направите се за добра работа и заработка.
Љубов: Добра емотивна енергија. Повеќе водете љубов.
Здравје: Мускулите во нозете ви се напнати.
БИК
Работа: Се наоѓате во чуден период. Морате да размислите добро пред да почнете да работите било што.
Љубов: Стагнирате во љубовната врска во која се наоѓате. Не би било лошо да се отворите на партнерот кој е покрај вас.
Здравје: Промена на расположение.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Некои работи морате сами да ги направите, ангажирајте се повеќе од тоа што сте планирале, што на крајот на денот може да резултира со нервна напнатост.
Љубов: Многу барате од саканата личност. Пробајте да се стабилизирате.
Здравје: Освен мали нервози, никакви посериозни проблеми.
РАК
Работа: Размислете со кој работите и кого поддржувате. Веројатно ќе се покажат некои грешки кои не сте ги виделе до сега.
Љубов: Партнерот се оддалечува од вас поради вашите ставови.
Здравје: Проблеми со левата рака.
ЛАВ
Работа: Ви поаѓа од рака да завршите сè што треба. Соработка со Вага или некој друг воздушен знак ќе ви даде успех и пари.
Љубов: Доколку го користите својот шарм, тогаш сигурно ќе имате успех во љубовта. Слободните во овој знак имаат познанство со некој двоен Бик.
Здравје: Нервоза.
ДЕВИЦА
Работа: Интелигентни сте и имате добра комуникација. Ве почитуваат и треба да ви веруваат, затоа што сте голем работник. Соработувате со личности кои размислуваат со својата глава.
Љубов: Во добри односи сте со Јарците, особено ако сте машки припадник во овој знак.
Здравје: Пораст на расположение.
ВАГА
Работа: Ги сведувате сметките и не сте претерано задоволни. Цврсти луѓе не се денеска ваши омилени соработници.
Љубов: Нападите на љубомора ве опседнуваат, и тоа ви се случува често.
Здравје: Грчеви.
ШКОРПИЈА
Работа: Морате да ги совладате тешкотиите кои се пред вас. Бидете полни со верба во себе.
Љубов: Наскоро ќе ги истрошите сите мотиви, можни се караници со партнерот во желба од него да добиете поддршка. Таа, за жал, изостанува.
Здравје: Не сте расположени.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ги собирате сметките и правите баланс на неделата. Хартија, компјутер и пенкало. Нешто не ви се поклопува, и не знаете каде ви одат парите.
Љубов: Работите одат по својот тек без поголеми осцилации.
Здравје: Солидно.
ЈАРЕЦ
Работа: Со нетрпение чекате да се вратите на вашите обврски кои ве очекуваат. Комплексот на ниска вредност се појави. Нема причина.
Љубов: Силна емотивна потреба некому да се допаднете и другите да ве прифатат.
Здравје: Закажете кај забар.
ВОДОЛИЈА
Работа: Работни обврски, размислувања, планови… Се тоа оставете го за друг ден. Малку земете здив.
Љубов: Домот е денеска во вашиот прв план. На децата треба да им го покажете вистинскиот пат. Тие се вашето богатство.
Здравје: Повеќе течности.
РИБИ
Работа: Размислувате дека е време да се воспостави компромиц помеѓу соработниците и вас. Барате најсуптилен начин кој сите би го прифатиле.
Љубов: Вашето его и емоции денеска се во вистинската хармонија. Искористите го тоа да се решат несогласувањата помеѓу децата или партнерот.
Здравје: Добро.
