ОВЕН
Работа: Како и секој Овен, вие сте со ведар дух, и овој ден така ќе ви започне. Вашата смисла за хумор ќе ја релаксира ситуацијата меѓу колегите, што позитивно ќе се одрази на работата. Денеска ќе бидете уверливи, искористете го тоа за преговори.
Љубов: Ви значи среќата на партнерот, и ќе направите се да се чувствува пријатно. Слободните во овој знак ќе бидат успешни во освојување.
Здравје: Не чувствувате тегоби.
БИК
Работа: Сметате дека можете сами. Потребна ви е поддршка од пријател. Тука е важно да ви помогнат финансиски. Поддршката доаѓа од Риби, Овен или Вага.
Љубов: Изненадувачка средба и врска со една Водолија. То ќе биде голема страст.
Здравје: Користете диета.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Мислите дека можете да уживате. Сепак, сте немале среќа. Морате денеска напорно да се трудите и да работите.
Љубов: Учите да бидете потолерантни кон саканата личност. Многу нешта делите, па не е добро да бидете строги.
Здравје: Пливајте, за подобро здравје.
РАК
Работа: Обврските кои ги имате, ги прифаќате одговорно. Додека вие сте водач, предводник на работа, таа фирма има успех и стабилност.
Љубов: Партнерот понекогаш е агресивен кон вас. Веројатно сте флегматични.
Здравје: Чувствително дебело црево.
ЛАВ
Работа: Себе си или величите, или сте незаинтересирани. Време е за движење. Повик од земја од северна Европа ќе го смени вашиот работен елан.
Љубов: Важно е да не се карате со партнерот. Често се надмудрувате кој е поголем шармер.
Здравје: Денеска е добро да вежбате вежби за истегнување.
ДЕВИЦА
Работа: Вашето расположение не смее да влијае на работа. Имате голем притисок на работа, но добро се држите. Колегите ве поддржуваат.
Љубов: Партнерот сака да ви помогне околу работата. Се сложувате со Бик или Вага.
Здравје: Чувајте се од алергии.
ВАГА
Работа: Ви работи шестото сетило. Вие слушате и гледате она што на другите им проаѓа пред очи. Во предност сте. Искористите го позитивно.
Љубов: Покажувате вистински емоции и партнерот е среќен.
Здравје: Избегнувајте претеран умор. Опуштете го нервниот систем. Масажа е вистинско решение.
ШКОРПИЈА
Работа: Самодисциплината е на врвот. Подготвени сте да кажете НЕ на се што ги ремети вашите цели. Се што има смисла, доаѓа во предвид. Сечете со поглед.
Љубов: Не е важно што другите мислат, вашата врска чувајте ја и јакнете ја.
Здравје: Витални сте.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Сакате на сите да им помогнете. Би било добро да останете со ладна глава и концентриран на моменталните задачи. Продуктивноста ви е на ниво.
Љубов: Сакате нешто ново, нешто ќе ве поттикне. Секојдневноста ве убива.
Здравје: Медитација.
ЈАРЕЦ
Работа: Некои од вас можат драстично да воведат промена во своите одлуки. Сакате да помогнете. Убаво е да работите во заедница, но само ако вие сте шефот.
Љубов: Денеска сте романтични. Вашата околина е изненадена. Среќни се поради тоа, и вашиот партнер исто така.
ВОДОЛИЈА
Работа: Главата ви е полна со свежи идеи. Во главата ви е како кошница за пчели. Остри сте, но и внимателни. Сакате да успеете.
Љубов: Енергијата ви е на завидно ниво и се оди како подмачкано. Комуникацијата тече во вистински правец.
Здравје: Совршен едн за вежби и ситни работи.
РИБИ
Работа: Обврските кои се повторуваат почнвуаат да ве загушуваат. Немате сила а ниту волја да работите едно исто секој ден.
Љубов: Доколку сакате вашата врска да успее, тогаш дајте повеќе отколку што очекувате да примите. Потребен ви е предизвик.
Здравје: Ве мачи минатото, и тоа ве „гуши“.
