AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Дневен хороскоп за среда (06.10.2021)

ОВЕН

Работа: Можно е да не сте задоволни од својата работа. Ви доаѓа период во кој ќе трагате за нови прилики за промени на ова поле.

Љубов: Новата личност која ви се појавила покажува необично однесување.

Здравје: Внимавајте на очите.


БИК

Работа: Се оди и подобро од што сте се надевале. На работното поле ви доаѓа многу поволен период.

Љубов: Време е да се соочите со проблемите во вашиот емотивен однос. Посветете се на искрен разговор.

Здравје: Проблеми со стомакот.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Потребно ви е време да ги остварите своите работни цели. Прифатете го фактот дека не може се да се промени преку ноќ.

Љубов: Ако сте слободни, ве очекува период во кој ќе имате интересен флерт со нова личност.

Здравје: Внимавајте на синуси.


РАК

Работа: Максимално сте фокусирани на својата работа и важно ви е да ги остварите сите цели кои сте ги зацртале.

Љубов: Ако ви се допаѓа личност која сте ја запознале преку работа, можна е нова врска со неа.

Здравје: Водете сметка околу штитната жлезда.


ЛАВ

Работа: Прекин на соработката на работното поле може да дојде изненадувачки.

Љубов: Атмосферата се менува. Вашиот однос со саканата личност не е онаков каков што бил порано, и тоа делува збунувачки.

Здравје: Проблеми со простатата.


ДЕВИЦА

Работа: Нема да бидете оптоварени со проблемите, поволен ви е перидов и сте успеале да решите се што ве мачи.

Љубов: Ново љубовно познанство ве очекува во опкружувањето во кое не сте барале љубов.

Здравје: Проблеми со крвната слика се можни.


ВАГА

Работа: Падот на концентрација лошо влијае на вас. Ви доаѓа период кој ви носи проблеми на полето работа.

Љубов: Проблемите во вашиот брак нема да се решат сами од себе. Потребно е да вложите малку повеќе енергија.

Здравје: Проверувајте го крвниот притисок.


ШКОРПИЈА

Работа: Работната стабилност ви е разнишана и поради тоа не сте задоволни. Пред вас е неповолен период.

Љубов: Ако сте слободни, може да очекувате љубовна врска која ќе ви донесе големи и силни чувства.

Здравје: Проблеми со бешика.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Не е поволен денот за работа. Можно е да ви биде тешко да се сконцентрирате на обврските кои се пред вас.

Љубов: Комуникацијата со саканата личност ви е нејасна.

Здравје: Избегнувајте цигари.


ЈАРЕЦ

Работа: Немојте да реагирате во афект. Денеска сте наклонети кон одлуки за кои подоцна може да се каете.

Љубов: Би можела да се појави личност која лажно се претставува на љубовен план.

Здравје: Можни проблеми со штитната жлезда.


ВОДОЛИЈА

Работа: Можно е денеска да направите грешки кои подоцна ќе ве прогонуваат.

Љубов: Партнеорт пробува да оствари длабока комуникација со вас, но вие некако не сте заинтересирани.

Здравје: Проблеми со главата.


РИБИ

Работа: Делувате со недоверба во работното опкружување. Заборавате и често грешите. Некои работи ќе мора да ги корегирате.

Љубов: Емотивно сте незадоволни и следниот период може да ви донесе одлука за раскин.

Здравје: Проблеми со циркулација.