Овен (21. 3 – 20. 4)
Предизвикувачкиот аспект на Месечината со вашиот владетел Марс, симболот на акција и конфликт, носи проблеми со патните документи, странците, при патувањата. Парите пристигнуваат преку бизнисот поврзан со модата, уметноста, дипломатијата. Дискусија со жени.
Бик (21. 4 – 21. 5)
Позициите на вашиот владетел, Венера и Месечината, во куќата на парите, ви носат заработка во рамките на семејниот бизнис или некој друг вид на самостојна активност. Несогласувања и кавги со саканата личност. Вонредни трошоци. Поминувајте повеќе време во природа.
Близнаци (22 мај – 21 јуни)
Месечината во Стрелец формира секстил со Сонцето, што ви носи деловни понуди од луѓе кои живеат во странство, доколку сте присутни во јавноста преку работа. Аспектите на вашиот владетел Меркур ве прават склони кон погрешни одлуки. Бидете внимателни зад воланот.
Рак (22 јуни – 22 јули)
Вашиот владетел, Месечината, транзитира низ работната куќа и прави секстил со Меркур, симболот на бизнисот, што ви носи договор за нова работа. Емотивниот партнер сака да разговара со вас за се што му пречи. Поминувајте повеќе време со пријателите.
Лав (23. 7 – 22. 8)
Месечината транзитира низ куќата на креативноста правејќи секстил со вашиот владетел Сонцето, што ве поттикнува со голем ентузијазам да пристапите кон односите со странците. Вашиот брачен другар или долгогодишен партнер планира заеднички одмор со вас.
Девица (23.8 – 22.9)
Вашиот владетел Меркур, планетата на комуникацијата, под влијание на Месечината во Стрелец, ви носи договор за работа која може да ви донесе убав профит. Избегнувајте дискусии со љубовниот партнер и помладите членови на семејството. Намалете го внесот на шеќер.
Вага (23 септември – 22 октомври)
Добрите аспекти на Месечината со Сонцето и Меркур, симболи на успех и бизнис, ви носат зголемување на приходите доколку работите во медиумите или сте присутни во јавноста преку работа. Човек кој пристигнува од долг пат сака да те види што е можно поскоро. Несоница.
Шкорпија (23 октомври – 22 ноември)
Транзитот на Месечината над Стрелец под влијание на вашиот владетел Плутон, симболот на моќта, ви носи пари, но и непланирани трошоци. Заеднички проект со Рак ви носи успех во проект со луѓе кои живеат во странство.
Стрелец (23 ноември – 21 декември)
Транзитот на Месечината низ вашиот знак ви носи можност да заработите како дел од заедничкиот бизнис со поранешните деловни соработници. Слушајте ги советите на Водолијата. Љубовниот партнер очекува да му помогнете да реши некој проблем.
Јарец (22 декември – 20 јануари)
Месечината, симболот на чувствата, во куќата на ограничувањата, на квадрат со вашиот владетел Сатурн, планетата на доцнењето, негативно влијае на вашата љубов и финансии. Напнатиот аспект со Плутон во вашиот знак ви носи финансиски проблеми.
Водолија (21. 1 – 19. 2)
Положбата на Месечината во куќата на плановите, под влијание на вашиот владетел Уран, одложува некои ваши планови во рамките на деловен проект. Имате поддршка од Вага, доколку планирате да започнете некој вид на приватен бизнис. Главоболка.
Риби (20. 2 – 20. 3)
Аспектот помеѓу Месечината во вашата куќа за кариера и Сатурн во вашиот знак бара да се прилагодите на околностите кои не ви одговараат во моментот. Парите пристигнуваат преку ангажмани со скратено работно време. Вашиот сопружник очекува да му посветите повеќе внимание.