Балкан

До 14 часот излегле 32,38 отсто од гласачите во Србија

До 14 часот излегле 32,38 отсто од гласачите во Србија

На вонредните парламентарни избори во Србија до 14 часот гласале 32,38 отсто од избирачите, соопшти Републичката изборна комисија (РИК).

За споредба, во истиот временски период на изборите во април 2022 година на гласање излегле 31,56 отсто од гласачите.

Во Војводинскиот регион гласале 32,62 отсто од гласачите.

Во регионот на Шумадија и Западна Србија до 14 часот гласале 32,13 отсто од гласачите.

Во регионот на Јужна и Источна Србија на гласање излегле 33,49 отсто од гласачите.

Во белградскиот регион до 14 часот гласале 31,86 отсто од гласачите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни