Свет

До 15 години затвор за ширење лажни вести за војската во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се казнува до 15 години затвор за ширење лажни информации за вооружените сили на земјата, јави Би-Би-Си.

Предлог-законот беше усвоен едногласно од руските пратеници.

Неколку независни руски медиуми беа принудени да затворат во последните денови, откако ја опишаа она што Кремљ ја нарече „специјална воена операција“ во Украина како „инвазија“ или „војна“.

Путин, исто така, потпиша уште еден закон со кој се дозволува парични казни или затвор за повикување на санкции против Русија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни