Државната изборна комисија, направи пресек на излезност во 17 часот. Вкупната излезност изнесува 38,78% на територијата на целата држава, но овие бројки се драстично помали од изборите во 2016 година.
Најголема излезност по општини има во Новаци, каде што на гласање излегле нешто повеќе од 60%, или поточно 60,05%, додека најмала излезност има во ИЕ5 во Центар Жупа, односно таму на гласање излегле само 16,6 %.
Најголема излезност по изборни единици има во Изборната единица 4, каде гласале 43.99%. Најмала има и натаму во Изборната единица 6, каде што гласале помалку од 30%, односно 29,6%.
.