Македонија

До каде е истрагата за полицајците кои вечерта биле во Пулс?

До каде е истрагата за полицајците кои вечерта биле во Пулс?

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) сè уште ја нема финализирано јавнообвинителската одлука за полициските службеници инволвирани во пропустите околу кочанската дискотека „Пулс“. Причината е од процедурална природа.

​Од Обвинителството појаснуваат дека иако истражните дејствија се при крај, процесот моментално е во фаза на доставување на известувања до осомничените дека истрагата е завршена.

Рокот од 15 дена сè уште не тече ​Клучниот момент е во законската процедура: ​Законскиот рок од 15 дена, во кој одбраната има право да предложи свои докази, сè уште не е започнат. ​

Овој рок ќе започне да тече дури откако и последниот од осомничените уредно ќе го прими известувањето. ​

Дури по истекот на овој рок, надлежниот јавен обвинител ќе може да ја разгледа евентуалната дополнителна документација од одбраната и да донесе конечна јавнообвинителска одлука – дали ќе поднесе обвинение против полицајците или ќе ја запре постапката.

Од ОЈО ГОКК најавуваат дека веднаш штом биде донесена одлуката, јавноста ќе биде информирана.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни