Пронајдени хард-дискови со прислушувани разговори на обвинителите во Основното јавно обвинителство. Но, пронајдена е и опрема за прислушување во Основниот суд Скопје 1-Скопје, но таму се уште не е утврдено дали таквата опрема била злоупотребена. Во ОЈО биле прислушувани фиксните телефони, односно разговорите помеѓу обвинителите. Двата пронајдени хард-диска со снимени разговори покажуваат дека се прислуувало од сепмтеври 2016 година. Сепак, од ОЈО велат дека постојат индиции дека разговорите помеѓу обвинителите биле снимани од 2013 година, односно од денот кога опремата била инсталирана.
„Предистражната постапка е отворена веднаш по добиените сознанија дека телефонските разговори остварени преку фиксна телефонија во зградата на јавното обвинителство биле снимани. Иако пронајдените податоци со снимени разговори на двата хард диска од телефонската централа датираат од 30.09.2016 година, постојат индиции кои укажуваат дека снимањето траело од набавката и инсталирањето на опремата, односно од 2013 година. Во таа насока, се проверува и дали снимените разговори биле избришани или пренесени на друг уред“ – ОЈО.
И власта и опозицијата повикуваат инситуциите сериозно да се позанимаваат со овој случај. Но, никој не ја презема вината. Опозицијата бара одговорност од власта. Велат во периодот во кој се прислушувало во Јавното обвинителство, министер за внатрешни бил Оливер Спасовски.
„Кога не знаат како да ги решаваат проблемите, тогаш секогаш се навраќаат назад во минатото и бараат виновник во некој кој што претходно бил. Но, за жал овдека виновникот треба да го бараат во своите редови бидејќи како што прочитав првите разговори се снимени некаде на почетокот на септември месец, а снимањето траело до дене денешен. Тоа е периодот кога министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски“, изјави Христијан Мицкоски, преседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Власта се брани. Премиерот вели дека истрагата ќе покаже дека опремата за прислување во ОЈО, но и во Основниот суд Скопје 1-Скопје е набавена и инсталирана во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Кога новите раководители на институциите откриле дека постои таква опрема, веднаш отвориле истрага.
„Апсолутно набавката на која што е направена во ОЈО и во судот Скопје 1, знаеме кој раководел тогаш. Тие ќе си понесат одговорност и бегање од тоа нема. Ако покаже истрагата дека тоа е направено со нивно знаење, а тие се тие кои што ги набавуваат, потпишуваат и исплаќаат ваквите централи, секој ќе си понесе одговорност. ВМРО-ДПМНЕ, од каде што даваат изјави, беше главниот поддржувач на ваквите начини на работење и владеење во државата, а Мицкоски беше десната рака на Никола Груевски колку што знам. Веројатно тоа е пренесено како некоја оштавштина и наследство“, изјави Зоран Заев, премиер на РМ.
Во февруари 2015 година, СДСМ тогаш во опозиција, ја објави првата т.н „бомба“
која соддржеше сет прислушкувани за разговори од македонски политичари и новинари, а како дел од серијалот “Вистината за Македонија”. Првичните информации велат дека биле прислушувани околу 20 илјади граѓани. Како резултат на тие прислушувани разговори, СЈО отвори неколку истраги, од кои „паднаа“ и обвинителни пресуди. За случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, двегодишна затворска казна доби екс премиерот Никола Груевски, шест години доби екс министерката на МВР Гордана Јанкулоска, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски доби 4,5 годишна затворска казна за истиот случај.
Репортер: ТВ21
