Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. T=31°C. P=980hPa. U=26%. V=3m/s. UV index=6.
До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.