Македонија

Доделени наградите „8 септември“, наградени личности кои оставиле траги во спортот

Каратистот Драган Стојановски е добитник на наградата “8 Септември“ за животно дело. Тој како претседател на Карате Федерацијата рече дека оваа награда е мотив за уште подобри резултати. Со наградата “8 Септември“ од областа на спортот се закитија и борачот Томе Коцев, лекарот по спортска медицина Слободан Николиќ, кајакарот Атанас Николовски и фудбалерот на Вардар Кочо Димитровски. Наградите се доделија во Собранието на РСМ, а како што рече претседателката на одборот, Ленче Алексовска, наградата “8 Септември“ им е доделена најдобрите во последниве години кои оставиле трага во спортот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни