Доделени наградите за општествено одговорни компании, подобро етичко управување – поголема профитабилност

Во изминатите 11 години 180 македонски претпријатија пријавиле 580 општествено одговорни практики со кои ја покажале својата посветеност кон подобрување на своето влијание врз општеството и животната средина. На  овогодишниот конкурес биле пријавени 38 проекти. Целта на доделувањето на наградата, што се доделува во изминатите 11 години, е да се истакнат добрите примери на општествено одговорно однесување  на домашните фирми и да послужи како инспирација и на други компании да применат фер практики кон животната средина и социјалното опкружување.

-Како претседател на координативно тело за општествена одговорност  на претрпијатијата морам да ги охрабрам повеќе да се трудат во смислување на иновативни практики пред се во категоријата етичко управување. За која што светските искуства покажуваат дека и тоа  како може да придонесе за добро работење на компаниите во однос на почитување на моралните вредности, но и за профитабилноста на самата компанија – изјави претседателот на Координативното тело, Александар Николов.

Се вчитува...

Според министерот за економија Крешник Бектеши, деловната заедница во Македонија станува комплетно свесна дека секоја водечка компанија треба да биде општестевно одговорна.

-Секоја година растат практиките на општествена одговорност, а мене ме задоволува фактот што има повеќе мали и средни претпријатија отколку големи кои ќе добијат награди за практиките кои ги вовеле – вели Бектеши.

Повеќе мали и средни компании добија статуетки, плакати и благодарници за општествена одговорност.

РЕПОРТЕР: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА

Извор: ТВ21