Балкан

Додик му напиша на Трамп: „Претседателе, внимавај, ни требаш да победиш“

Додик му напиша на Трамп: „Претседателе, внимавај, ни требаш да победиш“

Претседателот на Република Српска Милорад Додик упати зборови со поддршка до претседателскиот кандидат на следните избори во Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој беше нападнат по втор пат.

Додик напиша дека се обиделе да го убијат Трамп по втор пат.

„Господине претседателе, внимавајте, ни требате да победите! На Америка и требате вие, но и на остатокот од светот“, напиша Додик на социјалната мрежа Х.

Да потсетиме, вчера беа испукани неколку куршуми во близина на теренот за голф на Трамп на Флорида.

Безбедносните служби го означуваат овој настан како обид за убиство, а осомничен е Рајан Весли Раут од Тексас, кој го чекал Трамп во грмушките кога го забележале агентите на Тајната служба.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни