Додик викендов ќе биде пуштен на домашно лекување

Здравствената состојба на претседателот на Република Српска, Милорад Додик е добра, а постоперативниот тек се одвива според очекувањата, соопштија од Кабинетот на претседателот на РС.

„Според информациите што ги добивме од лекарот, се очекува претседателот на РС да биде пуштен на домашно лекување во текот на викендот“, изјавија за Срна од Кабинетот на претседателот на РС.

Додик беше хоспитализиран на 8 декември во Белград поради болки во стомакот, а следниот ден итно беше опериран.

Операцијата на желудникот и хранопроводникот била комплицирана, но била успешна. Сега следи закрепнување, со оглед на сложеноста и специфичноста на операцијата, рече Срна.

Ден по операцијата, во аудио изјава дадена до Срна, Додик рече дека се чувствува добро и изрази благодарност до сите што му испраќаат пораки со поддршка и желби за брзо закрепнување, нагласувајќи дека тоа му дава посебна сила за успешна закрепнување.