Македонија

Повеќе од 1.200 случаи на нелегално преминување на границата, откриени и мрежи за криумчарење мигранти

Повеќе од 1.200 случаи на нелегално преминување на границата, откриени и мрежи за криумчарење мигранти
Фото: 4news.mk

Повеќе од 1.200 обиди за нелегално преминување на државната граница биле спречени во текот на октомври во Северна Македонија. Во истиот период полицијата открила и два случаи на криумчарење мигранти, во кои биле вклучени 17 лица од Авганистан и Египет. За овие случаи се поднесени кривични пријави против четири лица, објави Алсат.мк.

Од Министерството за внатрешни работи информирале дека во двата откриени случаи биле опфатени вкупно 17 мигранти, од кои 13 од Авганистан и четворица од Египет. Против четири лица биле поднесени кривични пријави за три кривични дела.

На границите со соседните земји, во октомври биле спречени вкупно 1.254 обиди за нелегално преминување, а најголем дел биле регистрирани на границата со Грција.

Според земјата на потекло, најголем број обиди биле евидентирани кај лица од Авганистан – 321. Меѓу петте земји со најголем број се и лицата без државјанство, како и државјани на Египет, Судан и Алжир, соопштиле од МВР.

Податоците покажуваат и промени во структурата на мигрантите во споредба со октомври минатата година. Бројот на обиди за нелегално преминување кај лицата без државјанство се зголемил од нула на 284. Раст е забележан и кај државјаните на Алжир, од 35 на 124.

Кај државјаните на Судан бројките се речиси непроменети – 124 оваа година, наспроти 127 минатата година.

Од друга страна, МВР наведува намалување кај државјаните на Авганистан, од 329 на 32 обиди, додека кај државјаните на Египет бројот се намалил од 306 на 133.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни