Продолжи денеска судското рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО. Од рано утрово во судницата беа емитувани необјавените материјали од прислушкувањето.
Во телефонски разговор екс директорот на УБК, Сашо Мијалков со Миле Јанакиески реализиран на 29 март 2013 година, му вели дека се договорил со Али Ахмети и Мендух Тачи да гласаат по 400 нивни гласачи за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ, во Центар.
