Балкан

Дојава за бомби во Загреб: „Ние носиме смрт насекаде, во чест на Еон и сатаната“

Дојава за бомби во Загреб: „Ние носиме смрт насекаде, во чест на Еон и сатаната“

Загрепската полиција утринава добила лажна дојава за бомби лоцирани на повеќе локации во Загреб.

Испраќачот на мејлот тврдеше дека бомбите се во зградата на Јутарњи лист, на кривината на трамвајот во Дубрава, во Земјоделското училиште во Дубрава, во хотелот Резиденс во Дубрава и во Полициската станица Дубрава.

„ПУ Загребачка и повеќе медиуми во раните утрински часови добија дојава за бомба на повеќе локации. Веднаш по пријавата, полициските службеници започнале со проверки и засега е утврдено дека пријавите се лажни за четири локации, а на една локација се уште трае проверката. Во ниту еден момент не постоела опасност за граѓаните“, забележуваат од загрепската полиција.

Веднаш по пријавата полицијата излегла на терен и извршила увид на локациите. Кај четири не е пронајден експлозив, а на петтата локација се уште трае потрагата – тоа е зградата Јутарњи лист.

„Утринава во 5 часот и 48 минути, на 39 различни имејл адреси, главно од медиумски куќи, но и од самата полиција, пристигна збунувачки вознемирувачки мејл за наводно поставена експлозивна направа“, пишува Јутарњи лист и додава :

„Кој е испраќачот, односно кој се крие зад прекарот Девет Углова Балкан , кој од само нему познати причини решил да шири паника, интензивно истражуваат загрепските криминалистички истражители. Инаку, се уште се трага по лицето кое од непозната причина минатата недела оставило парче хартија со порака за бомба во тоалетот на зградата на Градското собрание“.

А ова е содржината на е-поштата која ја пренесуваме во целост:

„Добро утро, ние сме Squad 9 Angles, дел од Дубрава. Смртта ја носиме насекаде, во славата на Еон и сатаната, против демократската христијанска цивилизација, која со векови нè оддалечува од човечката суштина. Човечката суштина е брутална, безмилосна. Ние не сме како тебе стадо ситно заби. Малку сме. Но, ние сме посветени на нашата цел, за која сме подготвени да гинеме и убиваме. Поставуваме темпирани бомби со тајмер, кој е нареден да експлодира во утринските часови на овој ден. Секоја темпирана бомба C4 содржи ампула со нервен агенс Сарин. Што шири смрт и страдање на сите во близина на детонацијата. 2 експлозивни направи во редакцијата на Јутарњи лист, една експлозивна направа на кривината на трамвај во Дубрава, во контејнер за ѓубре, 4 експлозивни направи во Земјоделското училиште на улица Ѓуре Прејца 2, 5 бомби во Хотел Резиденс Загреб, Дубрава 70,

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни