Доказите на Рускоска пред Јанева – од „Шутка“ не и дозволија отсуство од притвор повеќе од 3 часа

Куќниот ред во затворот во Шутка не и дозволи на Јанева повеќе од три часа да биде отсутна од притворското одделение.

Дојде на пладне со полициска придружба да врши увид во доказите кои ги има нејзината колешка Вилма Рускоска. Овој пат избегнувајќи ги медиумските екипи.

Ги видела исказите на нејзините колеги од СЈО. Па околу 15 часот ја напушти зградата. При излегување погледот го сврти кон медумите, а потоа главата ја спушти, со лисице на рацете беше вратена во притвор бидејќи куќниот ред во затворот не дозволува отсуство подолго од три часа.

Нејзините адвокати останаа и уште час разгледуваа докази.

Исказот на второсомничениот Кичеец денеска не им бил достапен ниту на Катица Јанева ниту на нејзините адвокати.

Јавниот обвинител Љубомир Јовевски на панелот „Како против корупцијата“, во рамки на Третата пленарна сесија на Националната конвенција за ЕУ вели дека „Рекет“ се одвива без странични влијанија и со релевантни докази.

Истрагата за „Рекет“ е завршена, а покрај Јанева увид во доказите врши и Бојан Јовановски кој е првоосомничен во случајот „Рекет“ кој за јавноста беше обелоденет на 15 јули.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното