Македонија

Доко: Пропорционална распределба на буџетот за спречување на иселувањето

„Охрид, Струга, Преспа и другите рурални средини кои се во лоша економска ситуација кога зборуваме за Албанците, ќе покажеме на јавноста и на идната влада дека Охрид, и другите населени места имаат потреба за поголема економска моќ и неслучајно и другите градови како Струга, Дебар и Кичево истотака треба да бидат во економскиот дел бидејќи граѓаните имаат потреба за здрава економска основа, бидејќи гледаме дека голем дел од Албанците од овие средини ја напуштат земјата и ова е голема трагедија за овие делови од државата“, истакна носителот на ДПА од петтата изборна единица, Васви Доко во изборната дебата на ТВ21.

„Кога сме тука треба да се каже дека мошне важен механизам е пропорционалната поделба на буџетот и несличајно нашиот лидер, Г-динот Мендух Тачи акцентот во неговите политички излагања во оваа кампања го стави во тоа дека треба да има заменик премиер Албанец со право на вето, особено кога се работи за финансиите“, додава Доко.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни