Македонија

Доктор Газменд Ибиши: Едно лице е полесно повредено, а три други се задушени

Доктор Газменд Ибиши: Едно лице е полесно повредено, а три други се задушени

Едно лице е повредено, додека три се задушиле од денешниот пожар што избувна во фабрика во Тетово.

Доктор Газменд Ибиши од Брза помош во Тетово изјави дека сите се во стабилна состојба и надвор од животна опасност.

„Досега имавме три случаи на асфиксија, кои изгубија дел од кислородот на терен. Не беа во тешка состојба, само ги превезовме на стажантско одделение, добија помош. Имаше цивили кои доброволно укажаа помош и еден со повреда кој беше повреден со овие превозни средства, пренесен е на ортопедија, постои сомневање дека го скршил коленото“, изјави доктор Ибиши.

Инаку, на местото каде избувнал пожарот пристигнал и хеликоптер на МВР, а ангажирана е и војската и пожарникарите на другите општини.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни