Уште едно медицинско лице ја загуби битката со Ковид-19. Станува збор за 41-годишниот доктор Дашмири од село Боговиње, Гостиварско. Веста за смртта на докторот ја пренесе весникот „Лајм“. Фејсбук групата на селото Боговиње упати сочуство до семејството на починатиот доктор.
Уште едно медицинско лице денеска го загуби животот од компликации од Ковид-19. На 57 годишна возраст почона Елизабета Јанкова, здравствен работник од Центарот за јавно здравје Битола. Јанкова повеќе од 35 година била дел од здравството во Битола, и била вклучена во борбата против коронавирусот.
-Не напушти по кратко боледување од корона вирусот. Нејзината позитивна енергија и гласна насмевка ќе недостига и на колегите, пријателите и семејството. Битолчани ќе ја паметат како насмеана, пожртвувана и ултрамодерна баба, напиша нејзината ќерка Андријана.
Јанкова е втора жртва на Ковид-19 во битолското здравство, пред една недела почина и медицинска сестра од одделението за Хирургија.