Во Јужна Африка се појави на крајот на ноември, а досега е потврдено во 110 земји. Поради брзината на проширување, многу земји повторно се затворени. Д-р Анџелик Коце, претседател на Јужноафриканската медицинска асоцијација, откри како во Јужна Африка се откриени првите случаи на инфекција, кои симптоми се разликуваат од варијантата на делта и што е позната до денес.
„На 18 ноември видов пациент. По анамнезата и симптомите ништо немаше смисла. Со делта соеви имаме: губење мирис, кашлица, болки во грлото, а овој се жалеше само на болки во мускулите, главоболка, замор. Го тестирав и тој беше позитивен, како и остатокот од неговото семејство. Видов повеќе позитивни пациенти тој ден и така започна се“.
Колку пациенти досега имате прегледано со омикрон? Каква им била клиничката слика, дали биле помлади/повозрасни, кои биле симптомите (се споменува ноќно потење)?
Досега сум лекувала 106 пациенти со омикрон. Доминантен симптом беше тоа што пациентите одеа да спијат здрави, а во текот на ноќта почнуваа да чувствуваат топло и студено, имаа ноќно потење. Следното утро се разбудиле со главоболка, болка во градите, дури и болки во грбот. Слабоста што ја чувствуваат не е обичен замор, овде телото е уморно, не се чувствувате добро.
Мал број од нив имаа сува кашлица и болно грло, но тоа не е причината поради која доаѓаат на лекар, туку затоа што не се чувствуваат добро. Клиничката слика е иста веќе шест недели. На почетокот беа помлади пациенти, но сега се претежно постари од 30 години, и мажи и жени“.
Кои се сличностите и разликите помеѓу соевите на омикрон и делта на коронавирус?
Омикрон претежно предизвикува мускулно-скелетни симптоми, а ако веднаш започнете со третман, закрепнувањето е три до пет дена. Неверојатно е како брзо закрепнуваат со терапија. Невакцинираните имаат многу посериозни симптоми од вакцинираните. Видовме повеќе респираторни симптоми во делта. Кај двата вида, доколку симптомите се посериозни, се добива пневмонија“, вели д-р Коце.
Омикрон се шири побрзо. Дали успевате да се грижите за сите пациенти? Дали имате притисок врз здравствениот систем?
„Немаме притисок врз здравствениот систем. Успеваме да се грижиме за се, на пример некои болници немаат пациенти со Ковид. Омикрон дава се помалку и поблаги симптоми. Дефинитивно има помалку смртни случаи, но бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега не е висока“.
Во Јужна Африка се вакцинирани околу 44 проценти од возрасните, а кои мерки ги спроведувате и што е клучот во борбата против омикронот?
Треба да ги знаете симптомите на омикрон, да реагирате ако не се чувствувате добро и да се тестирате, да одите кај вашиот лекар, веднаш да започнете со лекување и да одморите. Мора да продолжите да носите маски и да се вакцинирате. Доколку сте во посебен ризик, земете засилувачка доза Избегнувајте гужви, особено за време на празниците. Нека нема забави, вели таа.