Балкан

Докторот кој прегази куче сам се пријавил во полиција во Бугарија

Докторот кој прегази куче сам се пријавил во полиција во Бугарија

По инцидентот во Софија во кој македонски лекар прегази улично куче, бугарските медиуми шпекулираа дека д-р Ненад Цоневски си заминал од државата и пристигнал во Македонија.

Сепак, софиската полиција денес потврди дека тој со заедно со неговиот адвокат самиот се пријавил, по што му биле дадени материјалите од обвинението и бил пуштен со кауција од 5 илјади лева.

Бугарското обвинителство веќе соопшти дека против него е покренато обвинение за „екстремна суровост кон животно“, но не и за убиство, бидејќи кучето било евтаназирано подоцна.

Вознемирувачката снимка од инцидентот предизвика жестоки реакции и протести кај нашиот источен сосед, а доколку судот во Бугарија го прогласи за виновен, Цоневски се соочува со затворска казна од една до пет години.

Додека трае истрагата, тој е суспендиран од работното место во Военомедицинската академија во Софија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни