Ѕвездата на COUNTRY, Доли Партон изјави дека се повлекува од овогодинешната номинација за Рокенрол Куќата на славните, објаснувајќи дека не го заслужила тоа, пренесоа американските медиуми.
Музичката икона преку социјалните мрежи проговори за причините за нејзиното повлекување, нагласувајќи дека не сака да зема гласови од другите номинирани кандидати.
„Многу сум благодарна што сум номинирана за Рокенрол Куќата на славните, тоа страшно ми ласка, но мислам дека не го заслужувам тоа. Навистина не сакам гласовите да се поделат поради мене и затоа се повлекувам“.
View this post on Instagram
Нејзиното име се појави минатиот месец на листата на номинирани за Рокенрол Куќата на славните меѓу многу други познати имиња, како Еминем, Лајонел Ричи, Кејт Буш, Дион Ворвик и групите Дуран Дуран, Еуритмикс и Њујорк Долс.
„Се надевам дека Куќата на славните ќе го разбере мојот потег и ќе размисли повторно за мене доколку некогаш го заслужам тоа“, објави Партон.
