Домарот кој уби три лица во училиштето во БиХ опериран: Позната е неговата состојба!

Домарот на Гимназијата во Сански Мост, БиХ, Мехемед Вукалиќ, кој денеска уби три лица во тоа училиште, а потоа се обиде да се самоубие, успешно е опериран во УКЦ РС во Бања Лука.

Утрово со автоматско оружје ги уби директорот на тоа училиште Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и секретарката Нисвета Кљуниќ.

Се вчитува...

– Иницијали на пациентот М.В. (1963) во 00.05 часот со прострелна рана во градниот кош од страна на Итна помош на Општата болница „Сански Мост“ бил донесен во Ургентниот центар на УКЦ РС. Пациентот во моментот на приемот бил свесен и по дијагностичката процедура следела операција – соопштија од УКЦ на РС, пренесува Аваз.

Според проф. Д-р Владе Ѓајиќ, генерален директор на УКЦ РС, по операцијата пациентот е хоспитализиран на Клиниката за анестезија и интензивна нега на УКЦ РС, каде останува на понатамошно лекување.

– Сите понатамошни прогнози за неговата здравствена состојба се крајно предвремени, наведуваат од УКЦ.

Инаку, Мехемед Вукалиќ се обидел да се самоубие по тројното убиство.