Свет

Донесена одлука! Стоп за деца во авион: „Патниците мора да имаат најмалку 16 години“

Донесена одлука! Стоп за деца во авион: „Патниците мора да имаат најмалку 16 години“

Европската авиокомпанија „Корендон ерлајнс“ воведува дел само за возрасни на еден од своите меѓународни летови, јавуваат медиумите.

Станува збор за лет меѓу Амстердам и Курасао, кој треба да започне со работа на 3 ноември.

Делот „само за возрасни“ е наменет за деловни патници и други патници кои патуваат без деца, велат од превозникот.

Атилај Услу, основач на компанијата, изјави дека тоа е првата турско-холандска авиокомпанија што воведува ваков дел и дека се обидува да привлече „патници кои бараат дополнителен мир за време на летот“ .

Специјални седишта ќе бидат сместени во предниот дел на авионот и ќе има вкупно девет со дополнителен простор за нозете. Ќе има и 93 редовни места. Делот ќе биде целосно одделен од остатокот од авионот со ѕидови или завеси, додаваат тие.

Патниците ќе треба да имаат најмалку 16 години за да можат да резервираат билет во овој дел . Стандардните седишта ќе ги чинат патниците 45 евра за билет во еден правец, додека екстра големите седишта ќе чинат 100 евра.

Услу наведува и дека оваа вест има „позитивно влијание врз родителите кои патуваат со мали деца“.

– Не мора толку да се грижат за можните реакции на сопатниците, ако детето стане нервозно или плаче – додава тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни