Македонија

Дошло да се мажи: Во Велес пронајдено 15-годишно исчезнато девојче од Србија!

Дошло да се мажи: Во Велес пронајдено 15-годишно исчезнато девојче од Србија!

На 7 јули вечерта, полицијата во Велес пронајде 15-годишно девојче од Република Србија, кое во својата земја било пријавено како исчезнато. Малолетничката била лоцирана во домот на 30-годишна жена од Велес, информираат од СВР Велес.

„На 07.07.2025 околу 22 часот, постапувајќи по барање на Интерпол-Србија за исчезната 15- годишна малолетничка од Република Србија, полициски службеници од СВР Велес ја пронајдоа малолетничката во домот на 30-годишната Р. Д. од Велес. Во присуство на социјален работник од Центарот за социјални работи Велес, извршен е разговор со малолетничката.“, соопшти портпаролката на СВР Велес Биљана Ѓаковска.

Според изјавата на девојчето, таа доброволно дошла во Велес со намера да се омажи со малолетно момче од градот.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по интервенција на српската амбасада, девојчето било вратено на нејзините родители во Србија. Институциите од двете земји продолжуваат со соработка за целосно расветлување на околностите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни