Доцнат летовите на аеродромот „Никола Тесла“: Ова е причината

Поради денешната забрана за полнење гориво поради неповолните временски услови, која е на сила на белградскиот аеродром од 10:45 часот, дојде до последователно губење на аеродромските слотови и влијание врз планираниот сообраќај на српската национална авиокомпанија.

„Ер Србија жали за сите можни непријатности. Надлежните служби на српската национална авиокомпанија прават се што е во нивна моќ да се грижат за патниците чии летови ќе доцнат. Во случај на пропуштени летови за поврзување, патниците ќе бидат пренасочени на алтернативни летови“, објави компанијата.