Македонија

Доцнења за автопатот Скопје – Блаце, компаниите ќе доставуваат понуди од 21-ви септември

Како што беше најавено, тендерот за изградба на првата делница од автопатот Скопје-Блаце требаше во февруари, но се распиша во јули, со задоцнување од 6 месеци. Вицепремиерот Бујар Османи, кој истовремено е и координатор на проектот, вели дека рокот за изградба се смета од моментот на потпишување на договорот со градежните фирми.

-Јас мислам дека е подобро да задоцниме со проектирањето, отколку да направиме грешки во проектот и потоа патот да биде во застој, како што се случи со Кичево-Охрид… при што потоа може има доцнења од 2-3 години“, рече Османи.

Доцнењата за изградба на првите два километри, е резултат на доставувањето понуди од страна на  компаниите, со кои се врши технички дијалог околу деталите на проектот.

-Ова е целосно законска процедура која ја спроведува ЈП за државни патишта и мислам дека некаде 20-21-ви септември треба да почне собирањето понуди. Така, ќе видиме дали ќе има компанија која ќе ги исполнува условите за градење, ќе биде потпишан договор и ќе започне изградба на патот-рече Османи.

Додека да се спроведе постапката за изградба на првата делница, паралелно ќе се изготвува и проект за втората делница од автопатот во должина од 10.5 километри, информира Османи. Во моментов се прави анализа за влијанието врз животната средина, додека тендерската постапка се очекува да започне откако ќе изминат 120 дена од објавувањето на анализата на веб-страницата на ЕБОР. Првите 2 километри ќе бидат финансирани од ЈП „Македонски патишта“, додека вториот дел ќе се гради со средства на ЕУ, која издвои 27 милиони евра во вид на неповратен грант.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни