МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)
9 Попова Шапка, 12 Лазарополе, 13 Маврово, 15 Тетово, Крушево, 16 Кр.Паланка, 18 Скопје, Охрид, 19 Виница, 20 Штип, Д.Капија, Претор, 21 Битола, Струмица, 25 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 17 часот.
10 Попова Шапка, 6 Тетово, Лазарополе, 5 Пожаране, 4 Маврово, 1 Скопје-З.Рид, Крушево.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно и релативно топло. Попладне во западните и северните делови имаше локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, претежно во северните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Во Скопје,променливо облачно со локален дожд и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец
ВРЕМЕТО УТРЕ
Променливо облачно и посвежо со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Попладне почнувајќи од северните делови облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната од 12 до 18 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Од понеделник ќе се задржи свежо време со температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Се очекува утринските температури од вторник на повеќе места да бидат околу нулата. Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд.