ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение известува дека утре ќе се одржи протест во 11 градови низ Македонија каде ќе побараат, како што велат, „Оставка на Заев, слобода на народот“
Протестот ќе започне во 18 часот, а ќе се одржи во Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија, Струга, Крушево, Кичево, Македонски Брод и Гостивар.