ДПТМ: Македонија чекори кон Евро-Атланските интеграции, а со тоа ќе имаме постабилен Балкан

Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ), со соопштение истакна дека ги поддржува уставните измени, и прифаќањето на Договорот од Преспа, кој треба да донесе Евро-Атлантски интеграции на земјата, како и да придонесе за мир на Балканот.

„11 Јануари 2019 како датум, колку што е битен за нашата татковина Р.Македонија, битно е и за развојот на нашата земја и за одржливоста на мирот во регионот. Минатата година во Јуни се постигна договор околу проблемот со името помеѓу нашата земја и Република Грција, која ќе допринесе членството на нашата земја во НАТО и Европската Унија со тоа што како обврска следуваа уставните измени што беа изгласани во Собранието на Р.М. На 11 Јануари 2019 година, измените во уставот беа изгласани со подршка на 81 пратеник во кои својот допринос го даде и пратеникот од ДПТМ. Со тоа што беше комплетирано обврската на нашата земја во врска со постигнатиот договор со која ќе се стави крај на стремежот на сите етнички заедници кои живеат во нашата држава, членство во Евроатлантските структури. Бидејќи долги  27 години  сите владејачки партии во државата се обидуваа да изнајдат некакво решение.

Како Демократската Партија на Турците на Македонија (ДПТМ), во овие тешки и многу битни моменти за нашата таковина, одлучивме и ние да бидеме дел од тие кои ќе допринесат за успехот на овој договор со тоа што благовремено бевме информирани за сите случувања околу постигнатото.

Како партија, од почетокот на нашите преговори со Премиерот Г-дин. Зоран Заев за коалицирање во владата, бевме во тек со случувањата околу изнаоѓање на решение во врска со проблемот со името, со која единствената наша цел беше да ги здружиме нашите демократски сили, да ги запазиме интересите на нашите граѓани, со тоа што да допринесеме економскиот и општествениот развој на нашата земја и членство во НАТО и ЕУ.

Денеска сме сведоци дека со нашата подршка целта е постигната со тоа што ги следиме реакциите од меѓународниот фактор и самите наши граѓани.

Што се однесува до нашиот јужен сосед Р.Грција, овие денови се очекува и тие да го исполнат делот од договорот со тоа што ќе биде исполнет целосно ветеното и овој договор ќе допринесе да се тргнат сите бариери, нашата земја конечно да биде поставена на траекторијата кон зачленување на Евро-Атланските интеграции со која ќе следи постабилен Балкански регион, ќе биде реализиран сонот на нашите граѓани на кои им должиме поубава иднина.

Во развојот на настаните, без разлика на Позиција или Опозиција, сите политичари во државата мораат да смогнат сили и да бидат поодговорни при донесување на одлуки, бидејќи нашиот регион нема веќе време за губење. Државите од Балканскиот регион мора веќе да бидат на ниво во конкуренција со сите светски држави, да се тргне напред, да не се закотват во минатото, со тоа што ќе допринесеме застој во одливот на младите и младите интелектуалци. Се надеваме дека Република Македонија и Република Грција ќе го реализираат овој постигнат договор и ќе бидат идеален пример за другите нерешени проблеми од ваков карактер во регионот и пошироко.

Како Демократска Партија на Турците на Македонија длабоко сме уверени дека на Балканскиот регион ќе завладее мирот, стабилноста, економскиот развој, мултиетничноста, мултиконфесионалноста со повеќе почит помеѓу различните и веруваме дека ние како партија со сите наши демократски капацитети ќе работиме во оваа насока, бидејќи им должиме на нашите млади генерации подобро утре и подобра иднина.

Извор: ТВ21