Јужнокорејската полиција извести дека 19-годишен Кореанец, кој се обидел да ја отвори вратата од авионот на сред лет, бил позитивен на допинг тест.
19-годишното момче веќе имало црвени очи на почетокот на летот од Себу на Филипините до Сеул во Јужна Кореја, изјавија претставници на авиокомпанијата.
Како што понатаму се наведува, младиот човек по еден час од летот почнал да се однесува чудно, па бил преместен во првиот ред од авионот во близина на излезната врата, каде што персоналот можел да го надгледува.
19-годишникот тогаш се пожалил дека чувствува „притисок“ на градите, пренесува CNN.
Младиот човек во еден момент ненадејно истрчал кон вратата за итни случаи и се обидел да ја отвори, но „екипажот веднаш го совладал и го врзал до крајот на летот“.
Од авиокомпанијата соопштија дека младиот човек не успеал да ја отвори вратата, ниту пак да го оштети авионот, па никој од 180-те патници не е повреден.
По слетувањето, тој е предаден на полицијата.
За потсетување, сличен инцидент се случи и пред неполн месец, кога патник ја отвори вратата од авионот за време на летот, а исто така беше јужнокорејска авиокомпанија.
View this post on Instagram